Макрон го повика Израел да избегне конфликт со Либан

January 3, 2024
1 min read

Францускиот претседател изразил загриженост за бројот на цивилни жртви и хуманитарната вонредна состојба во Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц да избегне ескалација на состојбата во Либан, се вели во соопштението на француското претседателство, пренесува Си-ен-ен.

Коментарите на Макрон доаѓаат откако вчера Хамас го обвини Израел дека извршил напад во Бејрут во кој беше убиен високиот лидер на Хамас, Салех Ал-Арури.

Израел официјално не ја презема одговорност за овој настан.

Макрон, исто така, изразил загриженост за бројот на цивилни жртви и хуманитарната вонредна состојба во Газа.

„Од суштинско значење е да се избегне ситуација која може да ескалира, особено во Либан. Франција ќе продолжи да ги пренесува овие пораки до сите оние директно или индиректно вклучени во овие напади“,

се вели во изјавата на францускиот претседател Макрон.

Според Министерството за здравство управувано од Хамас, во израелските напади врз Газа загинале најмалку 22 185 Палестинци.

Францускиот претседател се изјасни против изјави кои повикуваат на принудно раселување на жителите на Газа, за кои посочи дека се неприфатливи.

Двајца членови на десничарската коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во последните денови изразија ставови дека палестинските жители треба да ја напуштат Газа додека властите ја разгледуваат повоената иднина на крајбрежната енклава.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ракометарите со последни подготовки пред настапот на ЕП 2024

Следно

Судскиот совет денеска ќе констатира дека мора да ја врати Весна Дамева

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop