Сојузот на Македонците со исламска религија ги повика граѓаните на Албанија, Македонци по етничка припадност, а муслимани по верска припадност, да не потклекнуваат под никаква закана и да се изјаснат тоа што се – Македонци.
Ги повикуваме нашите сонародници во Албанија, на пописот кој е во тек да не дозволат никој, ама никој и по ниедна цена да им ја менува нивната македонска етничка припадност и по цена на не знаеме какви пасоши и привилегии што им се нудат, стои во повикот на СМИР.
Од здружението порачуваат дека „се е менливо освен етничката припадност“.
Барањето Бугари во чисти македонски етнички средини преку разни емисари ќе предизвика тешки историски последици по идните поколенија. Сте биле, сте и останете и понатаму она што единствено сте Македонци, се наведува во пораката на СМИР, потпишана од претседателот Латиф Пајкоски.
Пораката доаѓа по зачестените посети на бугарски високи претставници, меѓу кои и потпретседателката Јотова на областа Голо Брдо населена главно со Македонци со исламска вероисповест и притисокот врз нив да се попишат како Бугари, нудејќи пасоши и друга помош.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.