Пороен дожд, силен ветер и грмежи – прогноза на УХМР за следните неколку дена

September 23, 2023
1 min read

Пад на температурите и дестабилизација на времето со дожд и грмежи најавуваат метеролозите на следните неколку дена. 

Утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.

Во вторник следува стабилизација на времето. Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, североисточен ветер кој краткотрајно ќе засилува.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонците со исламска религија ги повикуваат Македонците во Албанија да се попишат тоа што се – Македонци

Следно

Полициски хеликоптер исфрлил над 45 тони вода во обидите за гасење на пожар во Брвеница

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop