„Македонски семејни винарии“: На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали 

1 min read

реклама


На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали, информираа денеска од Здружението „Македонски семејни винарии“ со седиште во Кавадарци.  

-Бележиме одличен настап  и успех на вината од македонски производители, членови на нашето здружение, на Wine vision by Open Balkan во Белград. Со законски олеснувања, за само неколку години, ја оправдавме довербата и со секој нов саем покажуваме и докажуваме дека македонското вино е нешто на што треба да се гордееме, рече за МИА, Горан Јаковлевски, претседател на Здружението. 

реклама

Тој потсети дека бројот на членови постојано им расте а наградите се добиени во конкуренција на многу држави, не само од Балканот, туку и од Европа. 

реклама



Претходно

Силен земјотрес ја погоди североисточна Јапонија

Следно

УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето

Latest from Blog