Силен земјотрес ја погоди североисточна Јапонија

1 min read

ТОКИО (АА) – Силен земјотрес утринава ја погоди североисточна Јапонија, објави метеоролошката агенција на таа земја, пренесува Анадолу.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил префектурата Аомори околу 6:01 часот наутро.

„Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 50 километри од брегот на Тихиот Океан во градот Хачинохе“, соопшти агенцијата.

Земјотресот наводно бил почувствуван во блиските региони Ивате и Хокаидо.

Властите потврдија дека не се откриени никакви неправилности во нуклеарната централа „Хигашидори“, лоцирана на полуостровот Шимокита во Аомори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Актерот Мето Јовановски денеска ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани на градските гробишта Бутел

Следно

„Македонски семејни винарии“: На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали 

Latest from Blog