Македонски државјанин пронајден мртов во сопствената фирма во Илиноис

March 7, 2025
1 min read

Македонецот Дане Котески (48) бил пронајден мртов во просториите на неговата фирма во Илиноис, откако некој пријавил дека избувнал пожар во компанијата. Полицијата приведе маж, возач кој порано работел кај Котески, под сомнение дека има врска со овој случај.

Телото на Дане е пронајдено откако во средата бил пријавен пожар во неговата компанија во Крествуд. Кога околу 16 часот полицијата пристигнала на адресата на компанијата АТЦ Траклоуд, од просториите излегувал густ чад. Пожарникарите брзо го изгаснале малиот пожар, а потоа на вториот кат од зградата било пронајдено машко тело.

Во текот на следните неколку часа, истражителите собраа докази и следеа бројни траги. Осомничениот е идентификуван. Утврдено е дека се работи за возач кој работел кај Котески. Се сомнева дека станува збор за „изолиран инцидент“, насочен исклучиво кон жртвата.

Осомничениот бил лоциран на паркинг за камиони во Холандија, на околу 200 километри од Крествуд. Полицијата соопшти дека Единицата за големи криминали ја известила холандската полиција, која го привела осомничениот околу 5:15 часот по централно време.

Телото на Дане Котески е испратено на обдукција, за да се утврдат точните причини за смртта. На платформата GoFundMe започна хуманитарна кампања за семејството Котески. Тој зад себе ги остави синот (13), мајката и сестрата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Форумот на жени на СДСМ утре ќе го одржи 10. традиционален осмомартовски марш

Следно

Премиерот Мицкоски утре на увид на градежни активности во Свети Николе

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop