Форумот на жени на СДСМ утре ќе го одржи 10. традиционален осмомартовски марш

March 7, 2025
1 min read

Форумот на жени на СДСМ, ја информира јавноста дека утре 08.03.2025 година со почеток во 12:00 часот во Струмица, ќе организира марш по повод Меѓународниот ден на жената.

Маршот е нашиот глас со кој ја продолжуваме борбата за права и достоинство на секоја жена и девојка a оваа година Форумот на жени го одржува под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“, пишува во соопштението на СДСМ.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева, упати повик до сите граѓани да се приклучат.

„Иако изминатите години направени се значителни поместувања, и понатаме е потребно многу работа и не чекаат голем број закони кои треба да се донесат.. Да маршираме заедно за правда и мир“, рече Колева.

Маршот започнува од кружниот тек кај улицата “Ленинова” во Струмица а завршува спроти зградата на општина Струмица (улица Благоја Мучето).

По завршување на маршот, ќе се обратат претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заменичката претседателката Фани Каранфилова Пановска, и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бојковска: Рекорден буџет за 2025-та година за подобрување на младинскиот стандард

Следно

Македонски државјанин пронајден мртов во сопствената фирма во Илиноис

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop