Македонски државјани на списокот на странци кои денеска ќе можат да ја напуштат Газа преку преминот Рафах

November 2, 2023
2 mins read

Во веста што ја објави државната новинска агенција МИА, а во која не е наведен извор, станува збор за четворица македонски државјани кои се на листата странски државјани што денеска ќе можат да го минат граничниот премин Рафах и да заминат од Газа во Египет

Инаку, според информациите на македонското Министерство за надворешни работи за евакуација од Газа во Египет чекаат петмина македонски државјани

Пограничните власти на Газа рано утрово го објавија списокот со околу 600 странски државјани и лица со двојно државјанство од повеќе земји на кои денеска ќе им биде дозволено да ја напуштат Газа, меѓу нив и државјани на С Македонија.

Луѓе чекаат на граничниот премин Рафах за да преминат од Газа во Египет / Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Во информацијата што ја објави „Њујорк тајмс“, на списокот се имињата на лица од 15 странски земји, меѓу кои и С Македонија.

„На списокот се 400 Американци, како и луѓе од Мексико, Унгарија, Хрватска, Јужна Кореја, Азербејџан, Грција, Чад, Бахреин, Италија, Швајцарија, Шри Ланка, Холандија, Белгија и Северна Македонија“,

се наведува во веста на „Њујорк тајмс“.

Во веста што ја објави државната новинска агенција МИА, а во која не е наведен извор, станува збор за четворица македонски државјани кои се на листата странски државјани што денеска ќе можат да го минат граничниот премин Рафах и да заминат од Газа во Египет.

Преминот беше отворен вчера по повеќе од три недели целосна блокада од страна на Израел, поради што голем број странски државјани и носители на двојни државјанства се најдоа заглавени во Појасот.

Инаку, според информациите на македонското Министерство за надворешни работи, кои и денеска ги потврдија, за евакуација од Газа во Египет чекаат петмина македонски државјани. Како што денеска информираат од МНР, на листата за напуштање на Газа, покрај овие петмина, е и една палестинска државјанка за која велат дека е сопруга и мајка на две деца што имаат македонско државјанство.

Министерството вчера го поздрави отворањето на граничниот премин Рафах, посочувајќи дека тоа ќе овозможи и евакуација на петтемина државјани на земјава.

„Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.

Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција.

Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучено, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани“,

беше наведено во вчерашното соопштение на МНР.

Новиот македонски амбасадор во Тел Авив, Шпенд Садики, минатата недела информира дека во Газа се брачен пар и татко со две мали деца.

Инаку, во веста што ја објави МИА со прецизни бројки е наведено колку странски државјани од секоја од 15-те држави се наоѓа на листата објавена утрово од палестинските погранични власти во Газа.

Така, покрај четворицата македонски државјани, на неа се и граѓани на Азербејџан (8), Белгија (50), Бахреин (6), Чад (2), Хрватска (23), Грција (24), Унгарија (20), Италија/ОН (4), Мексико (2), Холандија (20), Јужна Кореа (5), Шри Ланка (17), Швајцарија (11) и на САД (400).

Вчера повеќе од 400 сопственици на странски пасоши и ранети ја напуштија Газа преку преминот Рафах. Станува збор за првата група луѓе со странски пасоши кои ја напуштија Газа откако беше постигнат договор за отворање на граничниот премин, постигнат со посредство на Катар.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мултивитамска храна за рак

Следно

Синдикатот на полицијата поднесе кривични против МВР и неколку функционери

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop