Македонската Армија објави оглас за 300 професионални војници

January 16, 2024
1 min read

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас. Младите лица кои се заинтересирани да се пријават треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000,00 денари, со дополнителни над 10.000,00 денари за станбено обезбедување.

Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.

Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази во постапката, а не биле примени на служба во Армијата, доколку од последните проверки, односно прегледи на кандидатите не поминале повеќе од девет месеци, не подлежат на проверка за физичка подготвеност и на здравствени прегледи.

Сите детали, вклучувајќи го и начинот на пријавување можат да се најдат на веб-страницата на Министерството, односно на следниот линк: : https://mod.gov.mk/javen-oglas-300-pfv/

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Санкционирани 124 возачи во Скопје

Следно

Даниеле Де Роси ќе биде новиот тренер на Рома

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop