Македонија чита! Рекордна посетеност на Саемот на книга во Скопје, остануваат уште два дена

May 12, 2025
1 min read

37-то издание на Саемот на книга во Скопје ќе остане запаметен по многу нешта. Прво по убавата енергија, ентузијазмот и еуфоријата која беше забележана кај илјадници луѓе од сите генерации, пред сѐ млади. По големата посетеност од различни генерации, со интереси за различни книжевни жанрови. Се претставуваат над 65 домашни и странски издавачи и се организираат повеќе од 110 промоции. Тоа што особено радува е големата посетеност сите денови од саемот, посебно вториот ден, во чии рамки се и организираните посети на учениците од основните и средните училишта кои доаѓаат од различни градови и кои на едно место можат да ги најдат новите дела  на своите омилени автори.

Саемот и оваа година е под покровителство на Министерството за култура и туризам, а официјално го отвори претседателката Гордана Силјановска Давкова која изјави дека „токму книгите што ги читаме зборуваат повеќе за нас, за нашите идеи, за нашите идеали одошто било која напишана биографија или CV или особено профилите на социјалните медиуми“. По пауза од 11 години, Република Србија повторно се претстави како изложувач на 37-от Саем на книгата во Скопје.

За истакнување е секако и интересот и долгите редици за книжевната ѕвезда на овој саем Себастијан Фицек. Илјадници луѓе од сите генерации, пред сѐ млади, трпеливо чекаа со часови за да се сретнат со омилениот германски автор на психолошки трилери. Фицек потпишуваше цели 6 часа без ниту една пауза, со насмевка и разговор за секој читател. Ниту заморот, ниту долгите редици не ја намалија неговата енергија – напротив, тој со восхит ги прифати сите кои дојдоа да го поздрават. „Не паметам кога последен пат сум потпишувал волку многу книги. Дури ни на Саемот во Франкфурт не сум доживеал ваков ентузијазам. Бев импресиониран од тоа колку млада публика има тука во Скопје. Ги гледав луѓето како чекаат 6 часа за да ме поздрават – тоа беше неверојатно. Благодарам, Македонијо!“ – изјави Себастијан Фицек за македонските читатели.

И оваа година позитивен впечаток остава уредувањето на штандовите од страна на сите издавачи, па така секоја чест и на организаторите кои овозможија штандовите да се многу попрегледни. Целата хала е како едно шаренило кое се прелева, а штандовите идеално се поврзуваат.

Овие саемски денови буквално се живее за книгата. Читателите покажаа дека на Саемот за книга се оди не само за купување книги,  туку и за да се нахраниме со идеи, со емоции и со зборови што остануваат. И токму тоа се случува.

Мотото на овогодишниот Саем на книга 2025 беше „Храна за душа“ нè потсети на суштината на читањето како начин на хранење на нашите мисли, емоции и внатрешниот свет. Посебно важно бидејќи денес живееме во време кога брзината на животот околу нас ни станува секојдневие, а информациите нè преплавуваат од сите страни и во таа динамика, често забораваме дека не само телото, туку и душата има свои потреби.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агенцијата за пошти со информативен караван во Прилеп, граѓаните не ги знаат доволно своите права

Следно

Mакедонија 2025: По најавениот градежен бум, инвестициите за да не бидат промашени, мора да се во корист на бизнисот

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop