Ламин Јамал му одговори на Марио Лемина по нивниот вербален дуел на натпреварот меѓу Галатасарај и Барселона во Лигата на шампионите, но фудбалерот на турскиот тим подоцна ги смири страстите со порака во која откри дека неговите синови се големи обожаватели на младата ѕвезда на каталонскиот клуб.
Приказната започна пред натпреварот, кога Лемина изјави дека воопшто не слушнал за Јамал. Тоа очигледно дополнително го мотивираше младиот Шпанец, кој блескаше во Истанбул, каде што Барселона славеше со убедливи 1-4, а тој беше прогласен за играч на натпреварот.
Јамал денеска му возврати на фудбалерот на Галатасарај преку социјалните мрежи.
„Дали сега ме познаваш?“, напиша крилниот напаѓач на Барселона, објавувајќи неколку фотографии од натпреварот.
Lamine YAMAL 🇪🇸 a posé avec les enfants de Davinson SANCHEZ 🇨🇴 et Mario LEMINA 🇬🇦 après la victoire face à Galatasaray hier. 😁🥰
🎥 @lemarcaspors_ https://t.co/wGnNed8T1z
— Actu Foot (@ActuFoot_) October 14, 2026
Сепак, Лемина реши да ја смири ситуацијата и да покаже дека нема лоши чувства кон младиот ас.
„Секако дека те познавам. Моите синови се луди по тебе“, напиша фудбалерот на Галатасарај, објавувајќи фотографија од Јамал со неговите деца.

И покрај тензијата на теренот, Јамал по натпреварот прифатил да се фотографира со синовите на Лемина, откако фудбалерот го замолил за тоа.
Така, иако двајцата имаа жестока вербална размена за време на дуелот, на крајот се поздравија и ја завршија приказната на спортски начин.
Извор: sportmanija.mk

