Мајката на јутјуберот Лазаров ја искина членската од СДСМ: Ова е примитивно, јас сепак сакам ДЕМОКРАТИЈА

February 20, 2023
1 min read

Анита Лазарова, мајка на јутјуберот Стефан Лазаров кој се најде во центарот на скандалот со Драган Павловиќ-Латас кој во неговиот подкаст зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“, ја искина партиската книшка од СДСМ.

Ова следува откако Форумот на жени на СДСМ јавно ги осуди Лазаров и Латас и го повика Јавното обвинителство да покрене постапка.

Мајката на Лазаров на Фејсбук објави дека СДСМ „претерале “ и мислеле дека од позиција на моќ можат се.

За да објавиш вакво нешто само заради тоа зашто не ви се допаѓа гостинот (н.з. Латас), а притоа да етикетираш млад човек за насилство врз жени е многу, ама многу примитивно. Жалам за моите сопартијци, со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене ЗБОГУМ. Јас сепак сакам демократија, напиша Лазарова како реакција на барањето на Форумот на жени на СДСМ.

И самиот Лазаров се огласи со реакција. Тој не гледа ништо спорно во тоа што се зборуваше на неговиот подкаст и начинот на кој тој и неговиот гостин зборуваа за сексуалниот чин и третирањето на жената. Според него, живееме во држава во кој се чека момент да се уништи некој и дека нема проблем со тоа, но да прифати дека е поддржувач на силување немало никогаш.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Борел: Обезбедувањето муниција за Украина може да го одреди исходот на војната

Следно

Промоција на новиот и на уште три евергрин романи од Влада Урошевиќ во МКЦ

Latest from Blog

ТВ 24 дознава: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром, поранешниот пратеник Костадин Ацевски ќе се трка за Ѓорче

Турскиот претседател ги повика силите со влијание врз Израел да не „паѓаат на играта на Нетанјаху“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика силите кои имаат влијание врз Израел да не „паѓаат на играта на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху“, повикувајќи ги наместо тоа да

Светот се соочи со најголемото пробивање на податоци во историјата, откриени околу 16 милијарди кориснички информации

ИСТАНБУЛ (АА) – Светот се соочи со најголемото пробивање на податоци досега, по откривањето на околу 16 милијарди кориснички информации, објави денес технолошкиот портал „Киберњуз“, пренесува Анадолу. Од почетокот на годината, хакери

(Фаул) КФСМ размислува да го враќа „Македонска“ – зошто се става прст во окото на Грчката држава

Новото раководство на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) на последната седница поднесе иницијатива за промена на името во „Македонска кошаркарска федерација“ или, како резервна варијанта, „Национална кошаркарска федерација“. Засега нема формално
Go toTop