Промоција на новиот и на уште три евергрин романи од Влада Урошевиќ во МКЦ

February 20, 2023
1 min read

Најновиот роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ ќе бидат промовирани на 23 февруари (четврток), со почеток во 19 часот, во кино „Фросина“, Младински културен центар (МКЦ).

На промотивниот настан ќе бидат претставени и неговите евергрин-дела „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“, кои се реобјавени во ново руво и со нови поговори. Книгите се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Промотори на книгите ќе бидат Јелена Лужина, Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, а ќе се обрати и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев. Настанот ќе го модерира уредникот на четирите книги, Ведран Диздаревиќ.

Приказната во романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ почнува летото 1898. Во преодните денови помеѓу веќе исцрпениот XIX век и тукушто родениот XX век – Никола се враќа од своите студии на Ecole supérieur de pharmacie во Париз. Со себе го носи научното знаење од Западот и етосот на модерниот, просветлен човек, желен да ги примени во своето родно Скопје. Дома – во големата куќа на крајот на градот, покрај течението на реката Вардар – го чекаат татко му Харалампие, трговецот на ангро, мајка му Евдокија и трите помлади братучетки. На прв поглед животот на ова семејство изгледа нормален, пристоен, па дури и здодевен. Но, работите не се такви како што изгледаат. Нешто страшно и неискажливо ја фрла својата сенка врз семејството Пустополски. Старата куќа крие свои тајни што се протегаат сè до Ориентот и кои се однесуваат на богатството на дедото на Никола. Приказната за еден прстен купен во Старата скопска чаршија го втурнува Никола во низа настани чиешто потекло, смисла и цел не му се целосно јасни…

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајката на јутјуберот Лазаров ја искина членската од СДСМ: Ова е примитивно, јас сепак сакам ДЕМОКРАТИЈА

Следно

Извозот на Туркије во балканските земји во јануари достигна 1 милијарди 450 милиони долари

Latest from Blog

Diners Club ги менува правилата на играта: Пристигна Diners One, првата кредитна картичка со „нула денари“ членарина засекогаш

Во свет каде што финансиската транспарентност станува валута сама по себе, Diners Club Македонија го лансираше својот најнов производ кој ветува дека ќе го редефинира односот на потрошувачите кон кредитните картички. Diners

Пакистанската армија тестира домашна ракета за поморска одбрана

Во соопштението се наведува дека ракетата лансирана од брод „прецизно погодила цел со голема брзина на големо растојание“. Ракетата е дизајнирана да „избегне закани, да се приспособи на динамични услови и да

Придобивки од Законот за високото образование

Предлог-законите за високо образование пред финале. Премиерот Мицкоски вели дека текстот не се креирал зад затворени врати туку преку дебати со универзитетите и тоа е решение што треба да даде резултати. Според

Анри: Реал Мадрид мислеше дека е недопирлив, сега навивачите ќе плачат!

Тиери Анри ја анализираше елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите и нагласи дека Баерн на крајот заслужи да стигне до полуфиналето. Легендарниот француски напаѓач ја пофали храброста на „кралскиот клуб“,
Go toTop