Мајка со две деца спасена од под урнатините 228 часа по земјотресот во Туркије

1 min read

ХАТАЈ (АА) – Спасувачките екипи спасија мајка со две деца во подрачјето на Антакија во турската област Хатај од под урнатините на зграда, 228 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије.

Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш. Бројни спасувачки екипи сѐ уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Спасувачките тимови ја лоцираа мајката Ела и нејзините две деца кои беа затрупани во урнатините на зграда на улицата „Ојмак“ во ова подрачје.

По нивното лоцирање, спасувачите успеаја живи да ги спасат мајката и нејзините две деца, кои потоа се пренесени во болница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид поднел барање за смена на името, но не и „Ванчо Михајлов“ од Битола

Следно

Сириска мрежа за човекови права: Доцнењето на ОН го зголеми бројот на жртви од земјотресот во Сирија

Latest from Blog