Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

September 27, 2026
1 min read

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено.

Откривањето на телото на мајка на четири деца во Џексон предизвика страв во претежно црнечкиот град поради историјата на расно насилство и линч во државата. Сепак, полицијата изјави дека Форчун не умрела со бесење. „Сега имам повеќе прашања отколку одговори“, изјави нејзината мајка Кристи Спајви за Би-Би-Си.

Нови детали од истрагата

Полициската управа во Џексон објави дека по обдукцијата, мртовечникот заклучил дека станува збор за убиство и дека „местото на настанот и бесењето биле наместени“. Службениците не ја објавија точната причина за смртта или евентуалниот мотив за злосторството. Како дел од истрагата, уапсени се три лица.

„Се надевав дека ова ќе ми донесе олеснување“, рече Спајви. Таа додаде дека полицијата не ѝ објаснила како тројцата осомничени биле поврзани со нејзината ќерка, ниту зошто нејзината смрт би била наместена. „Сè уште не ја знаеме причината за смртта, не го знаеме датумот на смртта – ништо. Од што всушност починала?“

Сомничен конфликт околу дрога

Смртта на Тасија Форчун ја вознемири локалната заедница, а законодавците побараа федерална истрага. Спајви рече дека веста дека нејзината ќерка не починала со бесење на почетокот ѝ донела мир. „Кога ме повикаа од полицијата, почнав да плачам и им се заблагодарив. Се чувствував поолеснето отколку порано“, рече таа. „Се надевам само дека ги уапсиле вистинските луѓе“. Но, како што се појавија нови детали оваа недела, таа вели дека „почнала да се распаѓа“.

Во петокот, полицијата изрази сомневање на суд дека смртта е резултат на конфликт околу дрога. Еден детектив изјави дека Форчун можеби била убиена затоа што била обвинета за кражба на дрога.

Спајви ги негираше обвинувањата, но потврди дека нејзината ќерка се борела со зависност. „Тасија имала проблем со зависност. Се обидувала да се излекува“, рече таа. „Дури и ако сè уште била на дрога, а веројатно била, не заслужувала да ѝ се случи тоа. Никој не го заслужува тоа“.

Таа рекла дека нејзината ќерка била бездомник во времето на нејзината смрт и дека престојувала кај разни познаници. Нејзините четири сина, на возраст од една до седум години, сега живеат кај роднини и пријатели, а две деца се во процес на посвојување.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

​Reagim i Partisë Demokratike të Kosovës ndaj kronikës së RTK-së

Следно

Кристијано Роналдо по 6.678 дена гледаше меч на Португалија од клупата за резерви

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop