Кристијано Роналдо по 6.678 дена гледаше меч на Португалија од клупата за резерви

September 28, 2026
1 min read

Кристијано Роналдо по долго време не одигра ниту една минута за репрезентацијата на Португалија, откако целиот натпревар против Норвешка го помина на клупата за резерви.

Роналдо последен пат беше резерва во текот на целиот натпревар на 15 јуни 2008 година, во мечот против Швајцарија на Европското првенство. Од тогаш поминаа дури 6.678 дена.

Според информациите, селекторот Жорже Жезус решил рамномерно да ја распредели минутажата на 41-годишниот напаѓач, бидејќи Португалија во период од десетина дена ја очекуваат четири исклучително тешки средби.

И без својот капитен, Португалија славеше со 2:1 на гостувањето кај Норвешка. Головите ги постигнаа Жоао Феликс и Гонзало Рамош, додека за домаќините погоди Ерлинг Халанд.

Португалија има шест бода и е лидер во групата 4 од Лигата на нациите, додека Норвешка е втора со три бода помалку.

Во следното коло Португалија гостува кај Данска, а Норвешка ќе игра на гости против Велс.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Следно

​Katër ditë nuk e hapi telefonin as derën, gruaja në Ferizaj raportohet e zhdukur

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop