Магла до 50 метри на Буково и Пресека

December 6, 2024
1 min read

Магла до 50 метри има на планинските премини Буково и Пресека поради што видливоста е намалена, информира ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни без забрани и ограничувања за сообраќај. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.

-Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Со целокупната расположлива механизација и работна сила сме вклучени во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме за навремено справување со снежните наноси, наведува претпријатието.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лефков: Филипче не се откажува од Заев, ниту корупцијата и политичките унапредувања во судството и обвинителството од него, а констатирани од меѓународните партнери

Следно

Јаневска: Нема повеќе да дискутираме за ученикот

Latest from Blog

„Правдата доаѓа“ – трибина на ВМРО-ДПМНЕ

Во рамките на денешната трибина “Правдата доаѓа“, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов го изнесе своето мислење во врска со случајот на Лотарија и проневерата на 8 милиони евра, при што

Парите од унгарскиот кредит кај компаниите требаше да стигнат во ноември, Мицкоски сега вели на почеток на јануари

Средствата од унгарскиот кредит се обезбедени, процесот е во финална фаза и веќе во јануари ќе можеме тоа да го постигнеме, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се потпишани договорите со банките

Муцунски: Успешна посета на Вашингтон, унапредување на македонско-американските односи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи сподели фотографија од посетата на Вашингтон. -Во рамки на престојот, остварив значајни средби и конструктивни разговори за понатамошно унапредување на

Средношколците од дуални паралелки кои одат на пракса, задолжително ќе мора да добиваат парична надокнада

Компаниите во кои работат средношколци од дуални паралелки, ќе мора да обезбедат дополнителна парична надокнада за нив додека им трае средното образование. Ова го предвидуваат измените на законот за средно образование, со
Go toTop