Неофицијално, се дознава дека Мустафа е убиен во пукотница што се случила на раскрсницата на улицата Попа Дуќљанина и улицата Маршал Тито.

По пукањето, напаѓачот со мотор ја напуштил улицата Маршал Тито.

Мустафа и претходно ѝ бил познат на полицијата, а Мондо пишува дека се шпекулира дека тој се свртел против кланот Шкаљари и почнал да дава доверливи информации на еден од ривалските кланови.

Радио и телевизија на Црна Гора пишува дека полицијата привела едно лице за кое се сомнева дека е поврзано со пукањето.

Новинскиот портал Vijesti.me пишува дека полицијата го знае идентитетот на напаѓачот. Според „Вијести“, се работи за жител на Бар кој е член на локалниот огранок на кланот Шкаљари.

РТЦГ пишува дека Мустафа бил застрелан додека бил во близина на Комерцијална банка.

Очевидци на престрелката кои биле во околните ресторани велат дека слушнале неколку истрели и дека со жртвата била и една жена.

Полицијата го блокирала градот и го истражува инцидентот.