На гостувањето во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ присуствуваше министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој го објасни значењето на креативните индустрии за младите и државата, и се осврна на нивниот развој кои им обезбедуваат на младите луѓе самите да творат, да отвараат нови перспективи и преку нив да се вработат.
-Јас веќе можеби повеќе од 20 години сум размислувал за тоа како се даваат пари за култура а културата никогаш не ги враќа своите средства но, и така треба да биде затоа што културата е создадена да твори а не да придонесува за економскиот развој но, има еден дел кој се вика креативни индустрии кој што всушност работи на принципот обезбедува програми на младите луѓе да можат самите да творат да отвараат нови перспективи и преку тие креативни индустрии да можат да се вработуваат значи да има самовработување и да си плаќаат придонеси, рече Љутков.
Љутков направи компарација помеѓу креативните индустрии со модата и нагласи дека и покрај тоа што тие немаат национален интерес сепак се важен сегмент во општеството и исто така даде јасен пример за тоа што претставуваат креативните индустрии.
-Тие креативни индустрии опфаќаат се да речеме доколку еден дел од културата не е од национален интерес да речеме како еден вид на мода не е од национален интерес но сепак е многу важен сегмент во општеството опфаќа нешто што е во делот на популарната култура, опфаќа нешто што е од мас продукцијата, но не е конкретно од национален интерес, тогаш креативните индустрии помагаат да добиете одредени средства да бидете креативни и да можете производот да си го пласирате на другите пазари. Нешто што како позитивен пример за креативни индустрии се девојките од био хајт коишто од комбуха произведуваат био кожа, еко кожа, и тој нивни производ веќе е патентиран и полека го препознаваат секаде низ светот, нив им се потребни услови за работа стануваат препознатливи низ целиот свет и добиваат огромни средства тоа е пример на каде треба да се движиме ние како култура и како креативни културни индустрии, посочи Љутков.
Тој нагласи дека културата треба да се децентрализира од причина што постојат занаети и во другите градови од државата кои што претставуваат креативни индустрии и се многу важни.
-Културата треба да ја дисперзираме да ја децентрализираме, не е само Скопје културата, културата е и Македонска Каменица и Пехчево и Берово и со овие креативни индустрии каде што се многу важни и занаетите каде што на тоа поднебје некое во одреден дел од земјата каде што има нешто интересно и од тоа може да се произведува и тоа може да биде многу атрактивно на пазарот тоа ќе направи и младите да се враќаат во тој дел од регионот да го произведуваат масовно тој производ и од тоа да живеат и на тој начин ќе ги вратиме и младите, објасни Љутков.
Тој нагласи дека ако на овој начин се третираат и другите останати ресори државата ќе има голем успех која ќе им даде можност на младите луѓе да не се иселуваат и да творат во државата.
-Ако на овој начин се занимаваме и со другите ресори мислам дека ќе имаме голем успех кон она што го претендираме како Влада а тоа е да им дадеме можност на младите да не се иселуваат туку да можат да си творат во државата и да си го развиваат патриотизмот се повеќе и повеќе, дециден е Љутков.
ИЗВОР: kurir.mk