Љупчо Палевски-Палчо е уапсен во турскиот град Баликесир

1 min read

Апсењето на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се случило во турскиот град Баликесир, дознава ,,360 степени”.

Како што веќе објавивме, Министерството за внатрешни работи за вечева во 22:30 часот закажа прес-конференција од која се очекуваат повеќе детали. Апсењето на Палевски доаѓа по вчерашното распишување меѓународна потерница по него.

Претходно во денот, од ОЈО Скопје соопштија дека денеска е приведено лице кое го превезло Палевски од Србија преку Бугарија до Турција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Палевски бил уапсен во Баликесир, се подготвувал да замине во Истанбул

Следно

Спасовски: Главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска фатен во Туркије, започната постапка за екстрадиција

Latest from Blog