Лукашенко нареди целосна борбена готовност по бунтот на „Вагнер“ во Русија

June 27, 2023
1 min read

Лукашенко, кој е на чело на Белорусија од 1994 година, вели оти неговата земја мора да биде посилна од заканата што фрла сенка врз неговата земја, за која тврди дека доаѓа од Западот

Белорускиот лидер, Александар Лукашенко, објави дека ја ставил војската на земјата во целосна борбена готовност поради неодамнешниот вооружен бунт во Русија од страна на борците од платеничката група „Вагнер“.

„Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност“,

рече Лукашенко денеска во Минск.

Александар Лукашенко, претседател на Белорусија

Лукашенко, кој е на чело на Белорусија од 1994 година вели, оти неговата земја мора да биде посилна од заканата што фрла сенка врз неговата земја која, како што тврди, доаѓа од Западот.

Според неговите зборови, граѓаните на Белорусија со загриженост го следеле обидот за бунт во Русија.

„Нема да го сокријам тоа, беше болно да се гледаат настаните што се случија на југот на Русија. Не само за мене. Многу наши граѓани со загриженост го следеа”,

рече претседателот на Белорусија.

Тој исто така тврди дека белоруските граничари речиси секој ден известуваат за провокации од НАТО.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Данска започна со обуката за украинските пилоти за авионите Ф-16

Следно

Израелските сили повредија 2 Палестинци, и приведоа 6 лица, меѓу кои и новинар, на Западниот Брег

Latest from Blog

Божиновска: Интрадеј пазарот е клучен чекор кон зелена и конкурентна енергетика

Со официјалното започнување на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), Македонија прави значаен исчекор кон целосна либерализација, модернизација и европска интеграција на електроенергетскиот пазар. Настанот, организиран од Националниот оператор на пазар на

ВЛЕН: Редот во Чаир ги нервира партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица

Скопје, 6 мај 2026 – Коалицијата ВЛЕН денеска излезе со остро соопштение во кое ја обвинува Демократската унија за интеграција (ДУИ) за, како што велат, „рециклирање на стари политички наративи“ и неспособност

Битола со силен потенцијал: зелени работни места во фокусот на енергетската транзиција

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и амбасадорот на Шведска Ола Сулстром, денеска се обратија на настанот за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), посветен на темата „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија –
Go toTop