Израелските сили повредија 2 Палестинци, и приведоа 6 лица, меѓу кои и новинар, на Западниот Брег

June 27, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Најмалку двајца Палестинци се повредени за време на рациите на израелските сили на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинската Црвена полумесечина, пренесува Анадолу.

Израелските сили употребија гумени куршуми и солзавец против Палестинците кои се спротивставија на рациите во градот Наблус, изјавија очевидци.

Еден од повредените Палестинци бил погоден со вистински куршуми, се вели во соопштението на палестинската Црвена полумесечина.

Повредените Палестинци се пренесени во државната болница Рафидија во Наблус.

Израелските сили, исто така, приведоа шест Палестинци, од кои и еден новинар по име Мухамед Анвар Муна, за време на рациите во Наблус, објави палестинската официјална новинска агенција ВАФА.

Муна и претходно неколку пати беше приведуван.

Израелските сили често вршат рации во куќи на окупираниот Западен Брег и Источен Кудс и приведуваат Палестинци под различни обвиненија.

Одвреме-навреме избувнуваат судири меѓу палестинските жители и израелските војници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукашенко нареди целосна борбена готовност по бунтот на „Вагнер“ во Русија

Следно

Тотенхем го одби Баерн: Цената за Кејн е 100 милиони евра

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop