Луда приказна и апсурдна забава со филмот „Cocaine Bear“ на SkyShowtime

October 25, 2023
1 min read

„Cocaine Bear“ претставува луда филмска приказна со бизарна премиса во режија на Елизабет Бенкс. Заплетот на филмот се врти околу огромна црна мечка тешка 227 килограми која сосема случајно конзумира значителна количина на кокаин, предизвикувајќи дивеење во нејзиното однесување низ шума во Џорџија. Тонот на филмот постојано се менува од црна комедија во мелодрама и назад, што ветува повеќе незаборавни моменти и одлично гледачко искуство!

Концептот на филмот, инспириран од вистинска приказна за мечка која го јаде кокаинот испуштен од авион, звучи интригантно. А овојпат, Universal Pictures не ги доведе во заблуда гледачите, туку го исполнија токму она што беше ветено. Од овој месец „Cocaine Bear“ можете да го погледнете ексклузивно на стриминг платформата SkyShowtime.

„Cocaine Bear” е одличен пример за безгрижна забава. Го става дејството на филмот во низа апсурдни ситуации и го поставува прашањето: „Што ако мечката стане зависна од кокаин?”  Елизабет Бенкс заслужува признание за разбирањето на вистинската природа на овој филм. Тој не е режиран да биде длабоко, ремек дело кое предизвикува размислување туку чиста забава за гледање со пуканки в рака, заедно со друштво.

Тоа што филмот има мала и едноставна приказна, без да задира во длабоки теми и филозофии, ќе направи да уживате во непредвидливоста и апсурдноста на ситуацијата во која се наоѓаат нашите ликови, во премиса која е луда од самиот почеток. Гледачите не се тука за сложени човечки интеракции, туку за да бидат сведоци на неконтролираното дивеење на мечка што прави хаос.

„Cocaine Bear“ е луда и претерана приказна и буквално апсурдна забава. Филм чија намена не е да биде филмско ремек-дело туку да обезбеди уникатно и незаборавно искуство за оние кои бараат безумни авантури. Елизабет Бенкс покажува раст како режисерка во реализација на филм кој точно знае што е и не се преправа дека е нешто друго.

Овој уникатен обид на режисерката Елизабет Бенкс да прикаже изолирана ситуација со сосем несекојдневни карактеристики успева да го направи „Cocaine Bear“ филмско искуство што не смее да се пропушти, од повеќе причини. Затоа посетете ја веб страната на SkyShowtime, активирајте го вашиот профил и уживајте во лудата забава која ви ја нуди „Cocaine Bear“.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во релативно стабилна состојба повредените од пукањето во „Ист Гејт Мол“

Следно

МВР не може да го пронајде напаѓачот, иако пукањето е во трговски центар каде има камери, Спасовски да си поднесе оставка

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop