„Љубовната соба“ на Сузана Диневски во официјална селекција на фестивалот Искија во Италија

July 13, 2023
2 mins read

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео е избран во официјалната селекција на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија, на истоимениот остров Искија во Италија што се одржува од 9 до 16 јули, 2023.

21-то издание на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија е еден од најпопуларните и најпосетуван летен филмски настан во светот со италијански и меѓународни проекции, на кои присуствуваат реномирани професионалци од филмската индустрија, како и некои од најпознатите имиња од глобалната филмска сцена. Со него свечено ќе претседава режисерот Џим Шеридан, продуцентот и активист Труди Стајлер и пејачот и текстописецот Тони Ренис, сите долгогдишни ветерани на фестивалот.

Се очекува во текот на седум дневниот фестивал да има проекции на околу двесте филмски наслови, да се одржат бројни тематски панели и симпозиуми како и мастер-класови. Овогодишниот добитник на Оскар за најдобар актер Брендан Фрејзер ќе биде присутен на фестивалот, каде што ќе биде одликуван како глобален актер на годината. Како новина, оваа година, фестивалот во Искија во соработка со Мајмувис, најважната веб страница за стриминг на филмови во Италија, со над 500.000 корисници дневно, ја воведува можноста за истовремени дигитални проекции на сите филмови симулирајќи ги кината. Оваа веб-платформа, која постои од 2010 година, од 2015 година е и официјална платформа за стриминг на филмови на Венецијанскиот филмски фестивал и филмскиот фестивал во Локарно.

Документарниот филм „Љубовната соба” на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејстваниз призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Македонија – Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.

Филмот е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Аворд филм и видео. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, и тонски дизајнер е Игор Поповски.

„Љубовната соба”, во период од 23 март до 2 април, 2023 година имаше светска премиера на филмскиот фестивал Феникс во Аризона, САД (каде филмот имаше три проекции) во категорија на светски долгометражни фимови и европска премиера на „ЗагребДокс”, во Загреб, Хрватска (со две проекции) во регионална конкуренција. Беше прикажан на 22 мај 2023 година во Њујорк, во официјална селекција на филмскиот фестивал Биг Епл филм фестивал во познатото кино Синема Вилиџ, кое е едно од најстарите независни кина во уметничкиот дел на Њујорк, познат како Гринич Вилиџ, каде „Љубовната соба” беше номиниран за награда.

После Глобалниот фестивал во Искија, најавено е учество на меѓународниот документарен фестивал Пелопонисос, во Каламата, Грција.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Тепачка во Собранието на Косово, нападнат Албин Курти

Следно

А да кажеше фала?

Latest from Blog

Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во своето гостување во „Наткаст“ информираше дека целта на новините во програмата е зголемување на земјоделското производство. „Една од новините што ги предвидува Програмата

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 230.000 работници и ќе донесе 300 милиони евра во буџетот

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на податоци (evidence-based policy) наместо на политички препукувања во врска со висината на

Американец избодел до смрт деветгодишно девојче- на суд тврди дека „го контролирала НАСА“

Скебас ја нападнал малата Лилија Валутите додека таа си играла на улицата пред продавницата за вез на нејзината мајка во центарот на Бостон на 28 јули 2022 година. Во срцепарателна изјава прочитана

Трипуновски: Го пуштаат Филипче низ вода – да работеа СДСМ домаќински, немаше да остават неисплатени субвенции

Решени сме да воведеме ред и да поставиме една јавна дистинкција меѓу оние кои работат и произведуваат со оние кои манипулираат, порача министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во „Наткаст“ на КУРИР со
Go toTop