Љубљана како инспирација: Ѓорѓиевски подготвен за промени во Скопје

August 29, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, престојува во официјална посета на Љубљана заедно со својот тим, каде што оствари повеќе средби посветени на иднината на главниот град.

Ѓорѓиевски се сретна со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, со кого разговарал за конкретни чекори и искуства кои би можеле да се применат во процесот на обновата на Скопје.

Во рамки на посетата, делегацијата ја посети и компанијата за јавен превоз. „Од средбата со менаџерскиот тим добивме многу искуства и знаења, а тие се подготвени да испратат експертски тимови кои ќе помогнат во решавањето на еден од најгорливите проблеми во нашиот град, јавниот транспорт,“ изјави Ѓорѓиевски.

 

Тој ја посети и современата фабрика за преработка на комунален отпад, која собира отпад од 46 општини во Словенија и функционира со поддршка на Европската унија. Таму, според Ѓорѓиевски, било добиено ветување за соработка и поддршка во решавањето на проблемот со јавната чистота во Скопје.

„Љубљана е доказ дека со јасна визија, ред и посветеност може да се создаде град кој е чист, достоинствен и пријатен за живот. Се враќаме со нови идеи, искуства и силна мотивација – да го направиме и нашето Скопје град со кој ќе се гордееме,“ порача Ѓорѓиевски.

Посетата заврши со уверување дека јавната чистота и функционалниот градски превоз ќе бидат меѓу врвните приоритети на неговата програма за иднината на Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов Закон за рударство: Министерството за енергетика најавува транспарентен и инклузивен процес

Следно

Меџити го промовира Мухамед Муртези за носител на листа за советници за Чаир

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop