Меџити го промовира Мухамед Муртези за носител на листа за советници за Чаир

August 29, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави името на носителот на листата за Општинскиот совет, д-р Мухамед Муртези, информира тимот на Изет Меџити.

-Денес сакам да го претставам носителот на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир, докторот, интелектуалецот, активистот на граѓанското општество и човек со високи вредности, Мухамед Муртези. Заедно кон големата победа. Само за тебе Чаир, напиша Меџити.

Кој е Мухамед Муртези?

Роден и израснат во Скопје. Студиите ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Приштина, додека магистерските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филозофскиот факултет, насока „Европски студии за интеграција“. Од 1991 година е активен дел од граѓанското општество. Бил претседател на Сојузот на исламска младина, Здружението на албански издавачи и Центарот за разбирање и институционална соработка. Исто така, главен и одговорен уредник на едукативно-културното списание ВЕПРА и главен уредник на меѓународното научно списание CENTRUM. Коосновач и директор на Издавачката куќа „Фуркан ИСМ“.

За локалните избори во октомври првпат се вклучува во партиско-политичка дејност.

Тој е носител на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир и кандидат за претседател на Советот.

Целта на неговото политичко ангажирање е да даде позитивен придонес и да остави добра трага и во оваа област.

-Нашата визија, заедно со идниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, е еден поубав, почист и побезбеден Чаир. Поквалитетно образование и наука, поразвиена култура и спорт, подобар и подостоинствен живот. Затоа што жителите на Чаир го заслужуваат тоа и јас верувам дека ова е остварливо со добра волја, голема посветеност и чесна работа. Затоа ја бараме вашата поддршка на 19 октомври. За нашиот Чаир, изјави Муртези.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љубљана како инспирација: Ѓорѓиевски подготвен за промени во Скопје

Следно

Меџити: Мухамед Муртези ќе биде носител на листата на ВЛЕН за Општинскиот совет во Чаир

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop