Лојд Остин во ненајавена посета на Ирак

March 7, 2023
1 min read

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пристигна во ненајавена посета на Ирак.

Според американските медиуми, посетата има за цел да покаже дека САД се решени да го задржат своето воено присуство во земјата речиси 20 години откако коалицијата предводена од САД го нападна и го собори режимот на Садам Хусеин.

Инвазијата во 2003 година доведе до смрт на десетици илјади цивили и нестабилност што на крајот го отвори патот за подемот на групата Исламска држава (ИД) откако САД ги повлекоа своите борбени трупи од Ирак во 2011 година.

Остин, кој е највисокиот претставник на администрацијата на претседателот Џо Бајден кој е во посета на Ирак, беше последниот командант на американските сили во земјата.

-Тука сум да го потврдам стратешкото партнерство меѓу САД и Ирак додека се стремиме кон побезбеден, постабилен и посуверен Ирак, рече шефот на Пентагон.

Во моментов, САД имаат 2.500 војници во Ирак и 900 во соседна Сирија, кои ги советуваат и помагаат локалните безбедносни сили во борбата против ИД, која во 2014 година зазеде големи делови од двете земји. Коалицијата предводена од САД последователно ги врати овие територии од џихадистите во 2019 година.

-Она што Ирачаните ќе го слушнат од него е посветеност на одржување на присуството на нашите сили, но не се работи само за војската. САД се многу заинтересирани за стратешко партнерство со владата на Ирак, изјави висок американски функционер од областа на одбраната, кој побарал да остане анонимен.

Посетата на Остин исто така има за цел да го поддржи ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани во неговата борба против влијанието на соседен Иран во земјата. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Земјотрес од шест степени на Филипините

Следно

ОАЕ досега испратиле над 5.700 тони материјал за помош во Туркије и Сирија

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави
Go toTop