ОАЕ досега испратиле над 5.700 тони материјал за помош во Туркије и Сирија

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – ОАЕ досега испорачаa 5.715 тони материјал за помош на Туркије и Сирија преку 202 товарни авиони по двата земјотреси на 6 февруари, со центар во јужната турска област Кахраманмараш, објави Министерството за одбрана на Твитер, пренесува Анадолу.

Министерството на ОАЕ соопшти дека продолжува хуманитарната помош за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија.

„Вкупно 5.715 тони помош беа испратени до Туркије и Сирија со 202 товарни авиони како дел од операцијата Галантен витез 2“, се додава во соопштението.

Теренската болница отворена во турската област Газиантеп во рамките на операцијата, исто така, им опслужуваше на жртвите од земјотресот, а 3.500 луѓе досега добија здравствена заштита во болницата, соопшти Министерството.

Официјалната новинска агенција ВАМ на 2 март објави дека вкупно 4.413 тони храна и медицински материјали биле испорачани во Сирија со 134 товарни авиони.

По директива на претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахајан, операцијата „Галантен витез 2“ беше започната на 7 февруари за поддршка на погодените од земјотресите во Туркије и Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Лојд Остин во ненајавена посета на Ирак

Следно

Тројца хрватски државјани уапсени откако од Србија сакале да изнесат глава од громобран

Latest from Blog