ЛИДЛ ОТВОРА МАРКЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве која локација среде ценатар ја купил германскиот трговски синџир

1 min read

Германскиот голем трговски синџир Лидл ја купил локацијата на Бриколаж од компанијата Скопски пазар, дознава Фактор ексклузивно.

Таму се очекува да биде отворен првиот маркет на Лидл во Македонија. Набргу се очекува да се случи и официјалната трансакција, а засега нема информации која е постигнатата сума.

Како што веќе има пишувано Фактор, во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Тогаш објавивме дека оваа, една од најголемите компании во малопродажбата во светот, во земјава ја регистрираше подружницата Лидл С. Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен регистар, објави Фактор.

Целиот текст може да го отворите ТУКА.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

КИЕВ СЕ ПРОСТИ СО ЕДЕН ОД НАЈМЛАДИТЕ ВОЕНИ ХЕРОИ 27-годишниот „Да Винчи“ беше испратен од илјадници луѓе(ВИДЕО)

Следно

Медиуми: Меси останува во Европа

Latest from Blog