ИСТАНБУЛ (АА) – Евгениј Пригожин, лидерот на паравоената група Вагнер, изјави дека ситуацијата околу Бамут во украинскиот регион Доњецк е многу тешка и дека продолжуваат жестоките улични борби меѓу руските и украинските сили, пренесува Анадолу.
„Ситуацијата во Бахмут е тешка, многу тешка. Непријателот се бори за секој метар, а колку сме поблиску до центарот на градот, борбите стануваат сѐ потешки“, објави Пригожин на социјалната мрежа Телеграм.
Групата Вагнер учествува во судирите што се одвиваат во источниот дел на Украина, вклучувајќи го и градот Бахмут, кој претставува голем сообраќаен јазол, преку кој украинските сили во Донбас се снабдуваат со оружје и воена опрема.
Пригожин рече дека Украина распоредува „бескрајни резерви“, но руските сили напредуваат и покрај отпорот на украинските сили.
„Одиме напред и ќе продолжиме и нема да ја засрамиме славата на руското оружје“, додаде Пригожин.
Извор: www.aa.com.tr