Лидерот на екстремистите осуден на 18 години затвор за нападот врз Капитол

May 25, 2023
1 min read

На денешното рочиште, десничарскиот водач не покажа каење, тврдејќи дека е политички затвореник и инсистирајќи дека „Чуварите на заклетвата“ имале само намера да ги заштитат другите демонстранти

Основачот на екстремно десничарската „Чувари на заклетвата“, Стјуарт Роудс, денеска е осуден на 18 години затвор за неговото учество во нападот на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Стјуарт Роудс е осуден под обвинение за заговор против државата и други злосторства, пишува Би-би-си. Родос остана надвор од Капитол на 6 јануари 2021 година, но ги координираше паравоените сили кои упаднаа во зградата.

Ова е најголемата казна досега за упад во Капитол. Обвинителите бараа 25 години затвор. Роудс минатата година беше осуден и за попречување на службената постапка и за манипулација со документи.

На денешното рочиште, десничарскиот водач не покажа каење, тврдејќи дека е политички затвореник и инсистирајќи дека „Чуварите на заклетвата“ имале само намера да ги заштитат другите демонстранти.

Во ноември, поротата во Вашингтон ги осуди Роудс (57) и Кели Магс (53), лидер на „Чуварите на заклетвата“ на Флорида врз основа на обвинение за бунтовнички заговор.

Роудс потоа беше прогласен за виновен за организирање повеќенеделен заговор што кулминираше со упадот на неговите следбеници во Капитол, обидувајќи се да го спречат прогласувањето на победата на Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Роудс, поранешен војник и дипломец од Правниот факултет на Јеил, е првото лице обвинето и последователно осудено за бунтовнички заговор во врска со настаните од 6 јануари 2021 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Невреме во Гостивар: Поплавени домови и проблеми во сообраќајот

Следно

Украински разузнавач: Се обидуваме да го убиеме Путин и тој тоа го знае

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop