„Леди Магбет“ на Рисимкин вечерва на сцената на Театарот „Камплој“ во Верона

August 29, 2023
1 min read

Вечерва во рамки на годинешното издание на Верона Шекспир Фринге фестивалот, во Италија, во 21 часот, на сцената на театарот „Камплој“, ќе се изведе претставата „Лејди Магбет“ во кореографија на Рисима Рисимкин со Скопје Танцовиот Театар.

Музиката за претставата е на композиторот Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски, а дизајнот на сцената и светло на Матеа Мијановиќ.

Во претставата настапуваат Анастасија Данчевска како Лејди Магбет, Дејан Битровски како Магбет, Бобан Русески како Алтер его на Лејди Магбет, Сара Цветковска како Алтер его на Магбет, танчери на Скопје танцовиот театар и Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Клара Христовска и Јоана Благадуша, студенти на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев’ кои преку проектот „УГД – Чекор кон светот“ се дел од претставата.

Многу сме возбудени за настапот во прекрасниот Театар Камплој, каде што ќе изведеме претстава инспирирана од творештвото на Шекспир во градот Верона, кој овие денови дише во знакот на овој голем уметник. Организаторите не информираа за огромниот интерес за претставата, кој се базира на вистинската реткост за публиката на овој фестивал, да види дело на Шекспир изведено со поинаков сценски јазик – низ танц, а без зборови. Со тоа и нашата одговорност да се долови оваа приказна и емоција е голема. За мене, како кореограф, ова е интересна и секогаш актуелна тема, отсликувањето на женските ликови во драмите на Шекспир. Уметничката визуелизација на претставата е базирана врз истражувањата на делото на Шекспир, кои ги направивме заедно со целата креативна екипа. Слики и скици на една интимна историја, во која се фокусираме на психолошкиот профил на Лејди Магбет. Креацијата е направена во контекст на времево во кое живееме, повлекуваме паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и актуелноста на темите кои тој ги опфаќа, изјави Рисимкин.

Во рамките на фестивалот на 28 август во 18 часот се одржа округла маса посветена на претставата во присуство на голем број гости на програмата, универзитетски професори, режисери, менаџери и студенти, предводена од селекторот на фестивалот режисерот Џон Блондел од САД.

Фестивалот е формиран во 1948 година и годинава ќе полни 75 години постоење, на неговите сцени се создавала богатата историјата на Веронските летни сезони, во кои се вклопуваат гостувања на долга листа на продукции, актери, режисери, сценографи, музичари, танчери, кореографи итн. Фестивалот, чија историска и уметничка вредност е огромна, со години претставува централна локација за театарската култура на светско ниво. Рисимкин и Скопје танцовиот театар ќе се дел од Шекспир фринге програмата, која се одржува во последната недела на август.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ТАМАРА КОТЕВСКА Е ПРВАТА МАКЕДОНСКА АВТОРКА КОЈА ЌЕ ОДРЖИ ГОВОР НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Следно

Не прашувај колку треба да сe плати сè дур гинат Украинци

Latest from Blog

Како се одвива рехабилитацијата на повредените од Кочани на Пониква

Пониква за десетина степени пониска температура од урбаните средини, длабоки сенки, свеж воздух – идеални услови за рехабилитација на пациенти со изгореници и белодробни нарушувања. Повредените се сместени во одморалиштето на МВР.

Турскиот авиопревозник „АЏет“ го реализираше првиот лет од Истанбул до Дамаск

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот авиопревозник „АЏет“ денес успешно го реализираше првиот лет од Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул до сирискиот главен град Дамаск, што претставува прв ваков лет по повеќе од

Иранскиот претседател објави прекин на соработката со МААЕ

ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес објави дека неговата земја ја прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објавија официјалната „Прес ТВ“ и новинската агенција „Мехр“, пренесува Анадолу.

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – се преставувала како вработена во МВР и ветувала вработување на неговиот син

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот

Пофалби и опомени од ОН: Македонија треба поцврсто да ги штити мигрантите и новинарите

Комитетот за човекови права при Обединетите нации го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај на Северна Македонија за спроведувањето на Меѓународната конвенција за граѓански и политички права. Експертите ја поздравија посветеноста на
Go toTop