Лазаров: Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот со мојата Македонија!

May 12, 2024
1 min read

Своето видување за натпреварот го изнесе селекторот Кирил Лазаров, кој изјави дека ова е еден од посреќните денови во неговиот живот.

„Јас сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа дека овие момци може да направат пресврт и подвиг. Сакам да се заблагодарам на публиката која покрај лошиот резултат на гости дојде дома да не бодри по којзнае кој пат. Пресреќен сум што може да кажам дека го одигравме најдобриот натпревар.

Тотална контрола на играта, без судиска поддршка во текот на целите 60 минути. Добивме една квалитетна репрезентација за која кажав во повеќе наврати уште со која пред да играме дека е добра, а многумина ми ја сфаќаа изјавата како алиби за евентуален неуспех. Може да бидам слаб и да изгубам, но тоа да го поднесам стоејќи, па да тргнам и да продолжам понатаму. Се вративме од многу лош резултат, прифаќам дека бевме слаби, но имаше и други фактори кои придонесоа да бидеме уште послаби. Ова е голема работа за македонскиот ракомет, затоа што ќе биде првпат оваа нова генерација без старите играчи преку бараж да се пласира за СП 2025. Едно е квалификации, друго е бараж. Имаме големо срце. Никогаш не сум бил алиби-играч, нема да бидам ни алиби-тренер. Ова е еден од посреќните денови во мојот живот и со мојата Македонија“

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските ракометари изборија учество на Светското првенство 2025

Следно

Хорхе Мартин победи на трката во Ле Ман

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop