Лајка организира маскенбал за миленици, ќе има и награди

March 23, 2023
1 min read

ЈП Лајка организира маскенбал за миленици. 

-Биди кул сопственик, маскирај го своето куче и донеси го на дружба со кучињата од ЈП Лајка! Денот на шегата е толку забавен што нашиот тим одлучи да го продолжи и на 2ри Април, велат од Лајка. 

Започнувајќи од 12 часот на 02.04.2023 година во Градски Парк на Школка ќе имате можност да го донесете вашиот миленик маскиран во вашата најомилена маска со што би станал потенцијален добитник на вредна награда во една од трите категории:

1. Најдобра маска

2. Најдобра маска на сопственик и куче

3. Најсмешна маска

Дополнително ќе имате можност да се дружите со кучињата кои моментално престојуваат во прифатилиштето и можеби во некое од нив ќе го најдете својот најверен пријател а вие ќе бидете негов херој што ќе му го даде она што му е најпотребно – дом, информираат од Лајка. 

На настанот ќе ве забавуваат DJ Torta & DJ Tina. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на граѓанска непослушност: Масовни антивладини протести низ Израел

Следно

Медведев: Секој обид за апсење на Путин би значел објава на војна против Русија

Latest from Blog

Подморница погоди ирански брод во близина на Шри Ланка- десетици мртви и повредени

Ројтерс објави дека воениот брод бил потонат во напад на подморница, но не прецизираше за која подморница станува збор. Туркиш А њуз објави дека Шри Ланка спасила 32 „критично повредени“ морнари од

Општина Битола со субвенции за адаптација на домови на лица со попреченост

Општина Битола објави јавен повик за искористување на средства за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом.Согласно програма за социјална заштита на општина Битола

Општина Битола со нова мерка за подобрување на условите за лицата со попреченост

Општина Битола објави јавен повик за искористување на средства за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом. Согласно програма за социјална заштита на општина
Go toTop