Energetika24.mk: Енергетска стабилност во време на криза – Оправдана и навремена одлука за објавување на состојбата со нафтените резерви

March 4, 2026
1 min read

Улогата на институционалната транспарентност во стабилизацијата на домашниот пазар на нафтени деривати во актуелниот геополитички контекст добива суштинско значење. Заострените тензии на Блискиот Исток и потенцијалните ризици по глобалните снабдувачки рути, особено околу Ормускиот Теснец, директно влијаат врз берзанските цени на суровата нафта и создаваат силни пазарни осцилации. Во такви околности, енергетската стабилност на мала и увозно зависна економија како македонската не зависи само од надворешните фактори, туку и од квалитетот на домашното институционално управување.

Одлуката на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да ја обелодени состојбата со државните нафтени резерви претставува стратешка интервенција во доменот на очекувањата. Во услови на неизвесност, најголемата опасност не е реалниот недостиг, туку перцепцијата за недостиг. т.н. „психолошки недостиг“ може да генерира панична побарувачка, што дополнително ги зголемува цените и создава вештачки притисок врз снабдувачкиот систем. Со јавно потврдена информација дека резервите се на оптимално ниво, институциите ја амортизираат оваа појава и го намалуваат просторот за шпекулативно однесување на пазарот.

Целиот текст може да го прочитате на energetika24

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со 26 милиони денари инвестиција: Нов спортски комплекс во Битола

Следно

Алкалоид и Комерцијална банка најтргувани – МБИ10 со пад од 0,20%

Latest from Blog

“Muchachos“: Аргентина ја брани титулата од Катар 2022! Епско финале и радоста на Меси, тагата на Мбапе!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина на ова СП влегува како актуелен светски првак, но и како еден од фаворитите за трофејот. Јасно е дека ова за Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња ќе

ЈКП Комуналец Прилеп: Обновено осветлувањето на стадионот со вештачка трева во Типската населба

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира спортистите и граѓаните кои практикуваат рекреативен спорт дека се заменети и повторно се ставени во функција сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во Типската населба.

(ВИДЕО) ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги обнови рефлекторите на стадионот со вештачка трева, овозможени и вечерни тренинзи

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информираше дека успешно е завршена замената на сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во населбата Типска, со што спортскиот објект повторно е целосно осветлен и

Инфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал
Go toTop