Подморница погоди ирански брод во близина на Шри Ланка- десетици мртви и повредени

March 4, 2026
1 min read

Ројтерс објави дека воениот брод бил потонат во напад на подморница, но не прецизираше за која подморница станува збор.

Туркиш А њуз објави дека Шри Ланка спасила 32 „критично повредени“ морнари од потоната иранска фрегата, изјави министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат.

Херат му рече на парламентот дека повредените морнари се однесени во болница на југот од островот.

Фрегатата, која има екипаж од 180 лица, испратила повик за помош во 5:08 часот наутро по локално време.

Министерството за одбрана на Шри Ланка соопшти дека трага по остатокот од екипажот на ИРИС Дена, кој потона околу 40 километри јужно од островот.

„Продолжуваме со потрагата, но сè уште не знаеме што се случило со остатокот од екипажот“, изјави функционерот за АФП, намалувајќи ги шансите за пронаоѓање преживеани.

Херат соопшти дека два брода од Шри Ланка и еден авион биле испратени за спасувачката операција, но не кажа што предизвикало потонувањето на иранскиот воен брод.

Пратеник од опозицијата праша во парламентот дали бродот бил нападнат како дел од тековните напади на САД и Израел врз Иран, но немаше непосреден одговор од владата.

Портпаролката на морнарицата, Будика Сампат, рече дека операцијата е во согласност со поморските обврски на Шри Ланка и дека 32-цата ирански морнари биле евакуирани во главната болница во Гале, 115 километри јужно од главниот град Коломбо.

„Ние одговоривме на повикот за помош како дел од нашите меѓународни обврски, бидејќи ова е во рамките на нашата зона за пребарување и спасување во Индискиот Океан“, изјави Сампат за АФП.

Морнарицата и воздухопловните сили на Шри Ланка соопштија дека не објавуваат снимки од спасувањето бидејќи војската на друга земја била вклучена во операцијата.

Полицијата го засили обезбедувањето пред болницата во Гале, бидејќи повредените Иранци биле носени таму од локалната морнарица, објави „Њуз фрст“. Херат нагласи дека Шри Ланка е меѓународно обврзана да помогне во вакви вонредни ситуации според Меѓународната конвенција за поморско пребарување и спасување (1979), која земјата ја ратификувала.

Според овој договор, Шри Ланка мора да реагира на поморски вонредни ситуации без оглед на националноста, причината или локацијата надвор од нејзините води.

„Тоа е наша одговорност и должност од хуманитарна гледна точка“, рече тој, додавајќи дека „Шри Ланка веќе ги презеде сите итни и неопходни мерки како одговорна држава“.

Тој, исто така, нагласи дека инцидентот укажува на пошироки регионални безбедносни прашања, наведувајќи дека ваквите инциденти ја истакнуваат ранливоста на поморската безбедност во регионот.

„Нашата цел е да спречиме вакви проблеми. Како влада, дејствувавме брзо и продолжуваме да ги преземаме потребните чекори“, рече тој.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Наскоро во Скопје прв состанок со Ердоган

Следно

Bozhinovska: Rezervat shtetërore të naftës janë stabile

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop