Лајчак вечерва во посета на Приштина

January 25, 2023
1 min read

Тој кратко време ќе остане во главниот град на Косово, но нема потврди кои ќе бидат неговите соговорници

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, вечерва ќе пристигне во Приштина, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), а дознава од дипломатски извори во Брисел.

Според истите извори, тој кратко време ќе остане во главниот град на Косово, но нема потврди кои ќе бидат неговите соговорници.

Неодамна имаше притисок врз косовскиот премиер Албин Курти да го прифати планот на ЕУ, поддржан од САД, за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград.

Предлогот на ЕУ, кој во јавноста е познат и како француско-германски план, беше доставен до властите во Приштина и Белград на крајот на минатото лето.

Официјални лица во Приштина претходно изјавија дека предлогот претставува добра основа за продолжување на дијалогот со Србија, а од Белград рекоа дека тој не е прифатлив бидејќи подразбира признавање на независноста на Косово.

Сепак, по посетата на петчлената европско-американска делегација на Приштина и Белград на 20 јануари, која имаше за цел да разговара за планот, претставниците на дипломатскиот тим им рекоа на новинарите дека очекуваат „подобро разбирање“ на европскиот предлог од косовскиот премиер.

Од тој ден никој од косовската влада не го коментираше планот.

Од друга страна, официјален Белград потврди дека е подготвен да „работи на основите и да го спроведе“ истиот план.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Маж пронајден со повреди по телото, итно пренесен во Клинички центар

Следно

Судот ја затвори најстарата организација за човекови права во Русија

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop