Лајчак: Со Ескобар се надевавме на подобар резултат од нашата мисија на Косово

June 12, 2023
1 min read

На средбите го повторивме она што и ЕУ и САД го побараа од партиите да го направат кога повикаа на политичко решение: итна деескалација, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација, пишува Лајчак

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, на Фејсбук објави дека се надевал на подобар резултат од минатонеделната мисија на Косово со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Лајчак вели дека патувал со Ескобар во Приштина и Белград со цел да се справи со тензичната ситуација на северот на Косово и да го истражи потенцијалот за политичко решение.

„Во Косово се сретнавме со највисокото раководство, вклучително и претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и првиот вицепремиер Бесник Бислими со кои имавме долга дискусија“,

рече тој.

Лајчак вели дека на средбите била пренесена загриженоста за ситуацијата на северот на Косово и била нагласена потребата од итна деескалација.

„Го повторивме она што и ЕУ и САД побараа од партиите да го направат кога повикаа на политичко решение: итна деескалација, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација“,

нагласи Лајчак.

Лајчак објави дека разговарал и со опозициските водачи на косовските Албанци, објаснувајќи ги последиците од актуелната криза и штетата што таа ја предизвикува на меѓународниот углед на Косово.

„Побаравме од нив поддршка за политичко решение за смирување на тензиите. Бидејќи ниедно решение не може да се постигне без вклучување на засегнатото население, јас и Ескобар се сретнавме и со претставници на Српската листа и граѓанското општество, со цел да ги слушнеме и да објасниме зошто е важно косовските Срби да учествуваат на новите избори“,

нагласува Лајчак во објавата.

Лајчак вели дека тој и Ескобар имале „подеднакво долги, но воопшто не лесни разговори со претседателот Александар Вучиќ“.

„Му објаснивме како треба да придонесе за излез од актуелната криза и се осврнавме на сложената ситуација на Србите во Косово. Посебно нагласивме дека, иако сите граѓани имаат право на мирен протест, насилството никогаш не е прифатливо и не може да има неказнивост“,

вели Лајчак.

Според него, заедно со Ескобар се надевале на повисок резултат од мисијата, но за жал, како што пишува Лајчак, и покрај некои позитивни сигнали, тензиите продолжуваат да растат.

„По кратка посета на Годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни односи во Стокхолм, каде што имав можност да разговарам со голем број луѓе од Европа и САД, сега сум повторно во Брисел за да ги информирам ЕУ и земјите-членки за моите наоди и следни чекори“,

додава тој.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Индија: Колективна венчавка за повеќе од 2.100 парови

Следно

Oва не се памети: Автобусот со играчите дојде директно на теренот, а во 94. минута им се сруши светот

Latest from Blog

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –
Go toTop