Куртулмуш: Туркије сака сите народи на Балканот да вложат напори обединети кон заедничките цели

December 23, 2024
2 mins read

ТЕТОВО (АА) – Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, изјави дека Туркије сака народите на Балканот да вложат напори заедно и во единство кон заедничките цели, јавува Анадолу.

Куртулмуш, кој престојува во посета на Северна Македонија, учествуваше на конференцијата на Универзитетот во Тетово (УТ) на тема „Во потрага по нов глобален систем“, на која присуствуваа и ректорот на УТ, проф. д-р Јусуф Зејнели, амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, политичари, претставници на академската фела и локални и турски институции во земјава, студенти и други гости.

Во својот говор Куртулмуш ги спомена предизвиците со кои се соочува светот, како што се климатските промени, нееднаквоста меѓу народите и војните.

Тој рече дека светот не може да чекори кон поправеден систем и војните не може да запрат сè додека сегашниот светски поредок е доминиран од мал број држави, наведувајќи го правото на вето на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Она што нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нагласува во секој случај, дека светот е поголем од пет, не е само политичко барање туку барање за правда, тоа е повик за правда. Светот не е место со кое треба да се управува како што ќе велат само пет земји“, рече Куртулмуш, нагласувајќи ја потребата од воспоставување нов светски поредок.

„Агресијата на Израел, геноцидот и систематските воени злосторства во Газа ни покажуваат уште еднаш дека се поткопани основните човекови права“, реле спикерот на турскиот Парламент.

Тој наведе четири принципи што се неопходни за правилен светски поредок.

„Потребни се значителни напори новиот систем да се изгради врз четири основни принципи, правда, инклузивност, учество и доследност“, рече Куртулмуш.

Тој рече дека Туркије се гледа себеси како нераскинлив дел од Балканскиот Регион. „Сите народи овде ги гледаме како членови на нашето семејство“, додаде Куртулмуш.

„Ќе продолжиме да ги одржуваме нашите блиски односи со сите народи на балканските простори“, рече претседателот на турскиот Парламент, додавајќи: „Ние сакаме сите народи на Балканот да вложат напори заедно и во единство кон заедничките цели.“

Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, во Северна Македонија пристигна во саботата заедно со делегација што ја сочинуваат заменик-претседателот на групата на АК Партија, Бахадир Јенишехирлиоглу, претседателот на Интерпарламентарната група за пријателство Туркије-Северна Македонија и пратеник од Бурса, Ахмет Килич, пратеникот на АК Партија од Ван, Кајхан Туркменоглу, пратеник на АК Партија од Чорум, Јусуф Ахлатџи, заменик-претседателот на Интерпарламентарната група за пријателство Туркије-Северна Македонија и пратеник на ЏХП од Киркларели, Веџди Гундогду, пратеникот на МХП од Бурса, Февзи Зирхлиоглу, и пратеникот на партијата Саадет од Измир, Мустафа Билиџи.

Тој во Скопје се сретна со неговиот колега Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска Давкова, а учествуваше и на свечен прием по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик во Северна Македонија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Високи делегации од Јордан и Катар го посетија Дамаск за разговори со лидерот на новата сириска администрација

Следно

Перински: Главната иницијација за новиот Закон за локална самоуправа е отповик на градоначалник

Latest from Blog

Избран е најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Светската јавност немаше дилеми околу тоа кој е најубавиот гол на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, а сега истиот доби и официјализација. Стрелецот на најубавиот гол на турнирот и

Поранешниот претседател на Хондурас се врати дома- клекна на пистата и се помоли (ВИДЕО)

Ернандез, кој отслужи два последователни мандати како претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, слета со приватен авион на Меѓународниот аеродром Палмерола, околу 60 километри северозападно од главниот град Тегусигалпа, објави

Виолета Томовска осум часа била затрупана под урантините од скопскиот земјотрес, копала со раце за да се спаси

Виолета Томовска едвај останала жива за време на скопскиот земјотрес во 1963. Фолк дивата осум часа била затрупана во урнатините заедно со својот братучед, познатиот музичар диригент и композитор Љупчо Мирковски. Мирковски

Италија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло

ФОТО: FC Juventus/FB По неуспешното назначување на Андреа Пирло за селектор на Италија, новото раководство на федерацијата има голем број опции за испразнетото место, тврди популарниот новинар Николо Скира, иако до сега

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по
Go toTop