Курти: Оптимист сум дека за неколку месеци може да се постигне договор со Србија

January 18, 2023
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека е оптимист оти во рок од неколку месеци може да се постигне договор меѓу Белград и Приштина, како и дека косовската страна има волја за тоа.

Тој во интервју за швајцарски „Блик“ вели дека тоа може да се случи само доколку има волја за договор и поддршка од Западот, односно ЕУ, НАТО, САД и Велика Британија.

– Изразив подготвеност да го сторам тоа. Но, за договор се потребни две страни. За да има долгорочен мир, безбедност и регионална стабилност, Србија мора да се дистанцира од минатото на (Слободан) Милошевиќ и сега од (Владимир) Путин, рече Курти, додавајќи дека „Србија се приближува до Русија“ и дека „Путин сака да поттикне конфликт во Косово“.

Курти, од почетокот на годинава, даде интервјуа за повеќе од 10 странски медиуми, претежно од германското говорно подрачје, во кои зборуваше за дијалогот со Белград, постигнувањето договор, руското влијание во регионот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Признава ли Ковачевски дека нивниот градоначалник од Крива Паланка нападнал полицаец: МВР постапува и ќе бидат изречени санкции

Следно

Никој не се пријавил на јавниот повик за приватни превозници

Latest from Blog

Бесплатен влез за натпреварот Македонија – Летонија на арената „Тодор Проески“

Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година. На Националната арена „Тодор Проески“, нашата најдобра селекција ќе одигра контролен натпревар

СВЕШТЕНИК ОБВИНЕТ ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА Бил активен на социјалните мрежи, а црквата ја претворил во скривалиште!

Отец Партениј (58), познат на интернет по своите верски видеа, е обвинет дека ја злоупотребувал својата религиозна положба како параван за криминални активности. Според документите од истрагата, пренесени од грчките медиуми, свештеникот

Војната продолжува: Јамал е отстранет од селекцијата на Шпанија!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB И дефинитивно војната меѓу Барселона и фудбалската федерација на Шпанија продолжува. Федерацијата објави дека Ламине Јамал е повлечен од составот за натпреварите против Грузија и Турција. Медицинскиот

ВИДЕО: Бурек со ЈАБОЛКА

Рецепт кој се пренесува од генерација на генерација. Потребно е: 500 г тенки кори 4 големи јаболка малку цимет мустатно оревче 30-50 мл кисела вода Подготовка:  Извор: kurir.mk
Go toTop