Курти не може да се откаже од формирањето на Заедница на српски општини, порача Ескобар

January 21, 2023
1 min read

Една личност и една партија не може да се откажат од спроведување на правно-обврзувачка точка, тоа е факт. Ние ќе го направиме тоа, јас ќе го направам тоа така што ќе најдам партнери, има многу луѓе кои би сакале да бидат подобри односи помеѓу Србите на северот на Косово и остатокот од земјата, вели специјалниот американски пратеник зборувајќи за потребата да се формира ЗСО

Специјалниот американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, најавува дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина, по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека наскоро ќе се продолжи дијалогот помеѓу двете страни, како и дека косовскиот премиер Албин Курти не може да се откаже од формирањето на Заедница на српски општини (ЗСО).

Тој посочува дека за САД предлогот за решение на односите помеѓу Србија и Косово, од Франција и Германија е добар и тој треба да биде основа за понатамошните преговори.

„Дијалогот никогаш не престанал. Предизвикот беше што тој стана инструмент за решавање на криза и сега сакаме повторно да го вратиме на стратешко ниво врз основа на француско-германскиот предлог. Ние сметаме дека тој предлог е добар. САД во целост го поддржуваат тој предлог и сакаме да биде добро решение за двете земји. Со други зборови, сакаме да се отвори европската перспектива за двете држави, да се отвори можноста за поголема соработка не само со Европа, туку и со регионот и САД“,

вели Ескобар во интервју за „Гласот на Америка“.

На прашање дали веќе е договорен датум за нова средба во Брисел помеѓу лидерите, тој вели дека формално не, но оти таа треба да се случи многу брзо.

За тоа како би се формирала Заедница на српските општини на Косово кога косовскиот премиер Албин Курти одлучно вели дека нема да го направи тоа, Ескобар потсетува дека тоа е правно обврзувачки за Приштина и една лично не може да го спречи.

„Една личност и една партија не може да се откажат од спроведување на правно-обврзувачка точка, тоа е факт. Ние ќе го направиме тоа, јас ќе го направам тоа така што ќе најдам партнери, има многу луѓе кои би сакале да бидат подобри односи помеѓу Србите на северот на Косово и остатокот од земјата. Овој месец ќе почнеме да разговараме со луѓето кои имаат добри ние. Ние всушност зборуваме за училишта, собирање отпад, служба за Итна медицинска помош, ништо од што некој би требало да се плаши. Разговараме за тоа како северот на Косово да го направиме пофункционален и подобро поврзан со владата во Приштина. Ние тоа ќе го направиме, а прашање е во кој момент Косово ќе сфати дека меѓународната заедница очекува и бара од нив тоа да го направат“,

вели Ескобар.

Француско-германскиот предлог за спорот меѓу Белград и Приштина и формирањето на Заедницата на српски општини, нагласува тој, не се поврзани едно со друго. ЗСО, вели Ескобар, е постоечка обврска и мора да се имплементира.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јувентус ќе поднесе жалба

Следно

Крис Хипкинс ќе биде новиот премиер на Нов Зеланд

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop