Курти бара итно ослободување на косовските полицајци од Србија: Ова е агресија и намера за ескалација

June 14, 2023
1 min read

Апелираме до меѓународните фактори да го осудат овој чин на агресија од страна на Србија, порача косовскиот премиер

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Со барање за итно ослободување на тројцата уапсени припадници на косовската полиција, попладнево се огласи премиерот на Косово Албин Курти. Тој упати обвинувања кон Белград и го оквалификува чинот како агресија и намера за дестабилизација.

Исто така, изрази сомнеж дека ова е одмазда за вчерашното апсење во Косовска Митровица на Милун Миленковиќ – Луне.

„Се сомневаме дека тие се киднапирани од војската на Србија, јасно како одмазда на војската на Србија за вчерашното апсење на злогласниот српски криминалец, Милун Миленковиќ – Луне, кој се појавува како еден од челниците на организираниот криминал и шверцот. Полицијата на Косово се покажа мошне воздржана последните недели. Влезот на српските сили претставува агресија и намера за ескалација и дестабилизација. Бараме итно ослободување на киднапираните полицајци и апелираме до меѓународните фактори да го осудат овој чин на агресија од страна на Србија“,

напиша Курти.

По приведувањето на тројцата припадници на српската полиција, Приштина обвини дека тие биле киднапирани од маскирани лица од Србија на пат во северно Косово во близина на границата.

Белград, пак, тврди дека косовските полицајци навлегле на српска територија и оти српските сили ги уапсиле дури во централна Србија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Косово со итна мерка: Целосно го забрани увозот од Србија по „киднапирањето“ на косовски специјалци

Следно

Манчестер јунајтед се откажа од идејата да го купи Кејн, тренерот Тен Хег разочаран

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop