Кучешка чума се појави во прифатилиштето на Лајка!

December 5, 2024
1 min read

Во прифатилишето на ЈП Лајка е констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума односно вирусно заболување исклучително ризично по животот на заловените кучиња, без никаква опасност по здравјето на луѓето.

– Веднаш по констатирањето на првите случаи, согласно стручните ветеринарните препораки и насоки, преземени се низа превентивни мерки. Од денес престануваме со заловување и враќање на бездомни кучиња првично во период од 14 дена, поради долгата инкубација на болеста и следствено, опасност кучињата да пројават знаци на болеста веќе откако ќе бидат вратени на локација. Затоа, во периодот од 14 дена во стационарот ќе се прифаќаат само кучиња кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани, информираа од Лајка вчера.

Се врши и внатрешна реорганизација, дезинфекција и санација на сите оддели – карантин, интензивна нега, пост-оперативен дел и вдомување.

– Ќе работиме исклучиво на вдомување на застоените кучиња кои престојуваат со години во нашето прифатилиште и имаат имунитет а ќе бидат предадени на новите сопственици единствено со негативен тест на штенечак. Во моментот сме под карантин, со што сме спречени активно да работиме на решавање на проблемот со уличната популација на кучиња. Застојот на програмата залови – стерилизирај – вакцинирај – врати ќе биде бргу надоместен во наредните месеци, но во моментов е недозволиво да се импровизира, појаснуваат оттаму.

Мерките кои се преземаат во овој период се неопходни и од исклучително важност, со цел да превенираме ширење на болест која е подмолна и фатална по здравјето и животот на кучињата, додаваат од Лајка.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Пријатели на Европа“: Обновен пристап кон регионот Западен Балкан

Следно

Патот до Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник

Latest from Blog

Стојков за ТВ 24: Бугарија мора да одлучи дали ќе ги почитува или ќе продолжи да ги крши одлуките на Стразбур

Потрошени се изговорите за непочитувањe на правата на Македонците, официјална Софија е пред раскрсница – конечно да ги спроведе пресудите од Стразбур или отворено да ги крши одлуките, порача, за ТВ 24,

Турскиот претседател Ердоган се состана со претседателот на ТРСК

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се сретна со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, јавува Анадолу. Состанокот зад затворени врати се одржа во Претседателскиот комплекс во

Русија тврди дека презела контрола над уште едно населено место во Украина

МОСКВА (АА) – Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека руските сили презеле контрола над селото Видроџенија во украинската област Доњецк, пренесува Анадолу. Според соопштението на Министерството, селото паднало под руска контрола

Јавно извинување до Христијан Мицкоски

Друштво за трговија и услуги 24инфо ДОО Скопје упатува јавно извинување до Христијан Мицкоски од Скопје, за објавената невистинита вест на ден 26.02.2023 година со наслов „Мицкоски купил и реновирал куќа во

„Одлуката на Антикорупционерите е скандалозна“ – Филипче: За дипломата на Христовски да се вклучат МОН и Инспекциски совет

СДСМ е незадоволна од одлуката на Антикорупциската комисија која не пронајде ништо спорно во назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност. Антикорупционерите истакнаа дека документацијата на Христовски била
Go toTop