Патот до Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник

December 5, 2024
1 min read

Патот до село Дуф во Општина Маврово – Ростуше е прооден, а екипата за расчистување е се уште на терен за довршувањето на работата. Во текот на неделава ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Регионалниот ЦУК Тетово известува по добиената информација дека патот Маврово – Галичник од 3 декември 2024 се уште не е прооден, било веднаш стапено во контакт со „Македонијапат“, пункт Маврово од каде известиле дека ќе прават договор со трети лица и ќе преземаат активности за расчистување на тој пат во текот на неделата, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие имало 1 679 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ биле 54,62 отсто, а 45,38 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 70,20 отсто, кон итната медицинска помош 22,52 отсто, а кон пожарникарите 3,31 отсто.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кучешка чума се појави во прифатилиштето на Лајка!

Следно

„Амнести интернешнал“: Израел врши геноцид во Газа

Latest from Blog

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева
Go toTop