Кривична за скопјанец кој украл „сузуки“, но крадел и од други автомобили

July 15, 2023
1 min read

Скопјанец ќе се соочи со кривична поради кражба на автомобил, но и неколку кражби од паркирани возила на подрачјето на Скопје. 

ЕВР Карпош, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање возило“, „кражба“ и „тешка кражба“.

По преземени мерки, извршено вештачење и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, било утврдено дека ноќта помеѓу 06 и 07.02.2023 на ул.„Френклин Рузвелт“ во Скопје одзел патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.П.(43) од Скопје.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.

Ноќта помеѓу 30.06 и 01.07.2023 на паркинг на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, преку незаклучена врата од возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки тој одзел пари и платежна картичка со која пазарел. Исто така, тој се сомничи дека во периодот од 01 до 03.07.2023 на паркинг на ул.„Орце Николов“ во Скопје со употреба на сила од возило „волво“ со скопски регистарски ознаки одзел пари, платежни картички и други предмети, по што со картичките пазарел, соопшти полицијата.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Припадници на „Вагнер“ пристигнаа во Белорусија, тврди Украина

Следно

Македониумот со мувла и прокапени кровови во пресрет на 120 годишнината од Илинденското востание

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop