Припадници на „Вагнер“ пристигнаа во Белорусија, тврди Украина

July 15, 2023
1 min read

Украинската гранична служба (ДПСУ) тврди дека платеници на „Вагнер“ пристигнале во Белорусија од соседна Русија. Неофицијално, со конвој од околу 60 возила „Вагнеровци“ се префрлиле во Белорусија рано утринава

Oд граничната служба на Украина велат дека тече проценката колку „милитанти“ има во Белорусија, која исто така ја дели границата со Украина, како и за нивната точна локација и цели.

Неофицијално, со конвој од околу 60 возила „Вагнеровци“ се префрлиле во Белорусија рано утринава.

Изминатиот месец, бунтот на „Вагнер“ го оспори авторитетот на рускиот претседател Владимир Путин, пишува Би-би-си.

Со договор се стави крај на 24 часовниот бунт, а припадниците на плаатеничката група, запреа на 200 километри пред Москва.

Според договорот, на борците на Вагнер им било кажано дека можат да се приклучат или на редовната руска армија или да одат во Белорусија, близок сојузник на Русија. На лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, исто така му беше понудено преселба во Белорусија, но неговата моментална локација не е позната.

Вагнер е руска приватна војска составена од платени борци – од кои многумина беа регрутирани од руските затвори. Тие водеа дел од најкрвавите битки откако Русија ја започна инвазијата на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тече истрагата за убиството во Ханиоти

Следно

Кривична за скопјанец кој украл „сузуки“, но крадел и од други автомобили

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop