Крива Река „плива“ во најсмртоносниот отров-цијанид, наместо државна акција има партиски препукувања

March 29, 2025
2 mins read

Наместо итна акција на државата – партиски препукувања, обвинувања за еколошката катастрофа на Крива река во Крива Паланка каде е детектирано зголемено присуство на цијанид и олово, откако отпадната вода од рудникот Тораница се слеала во реката, по што добила сива боја. Реагираат само токсиколозите. Велат цијанидот е еден од најсмртоносните отрови. Делува на клеточното дишење, односно спречува кислородната размена да влегува во клетките и со самото тоа ги убива и клетките. Бидејќи е во вода ќе делува на целиот жив свет во реката, што е еколошка катастрофа. Опасноста од загадување на почвата и храната е голема.

„За да не убедат трите инспектори и Министерството за екологија дека водата во Крива река не е токсична , нека испијат 1 литар од истата во присуство на Градоначалникот на Крива Паланка“, вели токсикологот Нино Беќаровски.

Од СДСМ прашуваат дали некој свесно ја штити Булмак 2016 од еколошки криминал? Предупредуваат дека ни се случува една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја- труење на реките,а и храната е под ризик. Велат се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив и бараат одговорност.

„Темелна и итна истрага за целиот случај и утврдување кривична одговорност. Итно испитување на сите реки и води кои се во допир со водите од Крива Река, вклучително и делови од Пчиња и Вардар. Потенцираме и укажуваме дека можеби храната која јадеме е под ризик. Објава на сите инспекциски извештаи поврзани со рудникот Тораница. Оставка од пратеникот Емил Спасовски, кој свесно ширеше дезинформации и ја минимизираше катастрофата. Одземање на еколошката дозвола на Булмак 2016, поради сериозни и повторени прекршувања“, вели Шукова.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат институциите постапиле и ќе постапуваат.

„Институциите на државата веќе изрекле казна од над 200.000 евра. И секој што ќе ја загрози животната средина ќе се соочи со санкции без исклучок. Истовремено издадено е решение со кое се задолжува рудникот да преземе мерки од А- интегрираната еколошка дозвола за да направи проценка од надворешни стручни лица во определен рок. По добивање на резултатите доколку има проценета штета на животната средина од страна на државниот инспекторат за животна средина ќе се поведе соодветна постапка“, вели Бране Петрушeвски.

Градоначалникот на Крива Паланка бара кривична одговорност за оваа еколошка катастрофа.

„Според ова лабораториско истражување од акредитираната лабораторија, концентрацијата на олово во крива река е зголемена за неверојатни десет пати повеќе. Дополнително за неколку стотици пати е зголемена концентрацијата на цијанид,фосфор и азот во Крива Река“, изјави Митовски.

Митовски го обвини и Државниот инспекторат за животна средина дека не постапувал навреме и законски. Од Инспекторатот одговорија дека компанијата е казнета со 200,000 евра поради сторен прекршок од трета категорија.

Од еколошките здруженија бараат Јавното обвинителство да отвори истрага за овој случај. Да го испитаат делувањето на инспекторите, но и да се одземе лиценцата на концесионерот.

Од Булмак- компанијата која стопансисува со рудникот пак, негираа дека водата која истекла од пукнатата цевка, содржела опасни хемикалии. Апелираа да не се шпекулира со неточни информации и побараа од надлежните органи да ги најдат вистинските причинители на еколошка катастрофа.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ го штити директорот на Тораница? Инспекторатот свесно излажал за цијанидот во Крива Река

Следно

„Ели богрунде“ – главно јадење на ифтарските софри во Кахраманмараш

Latest from Blog

За многу години: Го славиме светиот великомаченик Димитриј

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Светиот великомаченик Димитриј Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун од благородни и благочестиви родители.

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop