„Ели богрунде“ – главно јадење на ифтарските софри во Кахраманмараш

March 29, 2025
2 mins read

– Ѓокан ЧАЛИ

Јадењето „ели богрунде“, кое е еден од важните вкусови на кујната на Кахраманмараш, регистрирано и со географска ознака, е меѓу незаменливите јадења на трпезите за ифтар во месецот Рамазан.

Се подготвува од јагнешко месо, во традиционални камени фурни.

Главниот вкус на јадењето, кое го добило името по состојките што се ставаат една до друга при подготовката и готвачот што ја става раката под ребрата (на половина) додека чека да се подготви јадењето, го обезбедуваат месото од реброто и маста од опашката.

Јадењето, збогатено со состојки како домати, пиперки и лук, може да се послужува откако ќе се испече во камена фурна околу 15 минути.

Овој локален деликатес, кој многу се консумира во Кахраманмараш, привлекува внимание особено за време на Рамазан.

– Од еснафска храна до регистриран вкус

Аликан Борекчи, бизнисмен што долги години во Кахраманмараш подготвува „ели богрунде“, за АА изјави дека во минатото чаршиските трговци го консумирале ова јадење како практичен ручек.

Потенцирајќи дека денес ова јадење станало омилен вкус на градот и регионот, Берекчи вели:

„’Ели богрунде’, всушност, е наша чаршиска храна. Во чаршијата, еснафот ја отвораше кантата со масло, ставаше месо, домати и пиперки во конзервата и подготвеното јадење го ставаше во печка. Интересот за ова јадење го зголеми фактот дека е евтино и брзо се подготвува. Кога се одеше во град, почна да се нарекува со ова име бидејќи потребни се околу 15 минути за да се зготви, а пазарџиите чекаа таму со рацете на колк. Денес тоа е едно од регистрираните јадења на Кахраманмараш.“

Борекчи објаснува дека е важно јадењето да се готви со месо од ребра, кое има малку мрснотии, на оган од дрва и вели:

„Јадењето ‘ели богрунде’ се прави од јагнешко месо, но овде најчесто користиме овчо месо. Велам овчо месо, сакам да кажам дека користиме месо што не надминува 22-23 килограми во целата тежина, при што месото треба да биде малку мрсно. Јадењето ‘ели богрунде’ се прави од делот на ребрата и се готви на оган од дрва. Не се додаваат зачини, ако сакате да додадете нешто во месото, може да ставите матерка.“

Раскажувајќи дека граѓаните покажуваат интензивна побарувачка за храна за време на Рамазан, Борекчи истакнува:

„Тие доаѓаат во Кахраманмараш само за овој вкус. Тука нѐ наоѓаат нас, а ние им го доловуваме вкусот на нашиот предел. Имаме гости што доаѓаат од градови како Истанбул, Конја и Измир само за да ја вкусат нашата храна. Има и луѓе што доаѓаат од околните градови. Оние што ќе дојдат, повеќе го сакаат јадењето ‘ели богрунде’. Повеќе им се допаѓа. За време на Рамазан нашите муштерии најчесто јадат ‘ели богрунде’. Муштериите се најголема реклама.“

– Им се допаѓа на муштериите

„Ели богрунде“ е едно од најпосакуваните јадења и од жителите на Кахраманмараш и од гостите што доаѓаат за време на Рамазан, што претставува значаен придонес за градот од аспект на гастрономскиот туризам.

Хедије Сезен Ершахан, која пристигнала од Истанбул, вели дека јадењето „ели богрунде“ првпат го пробала во Кахраманмараш.

„Јас сум од Истанбул, порано не го знаев ова јадење. Првпат го пробав тука, го јадам со задоволство. Како на секој, така и мене на почетокот името на јадењето ми беше малку чудно. Со задоволство го јадам и им го препорачувам на сите. Има многу специфичен вкус. Сигурна сум дека со задоволство ќе го јадете.“

Ершахан рече дека кога го слушнала името на јадењето, очекувала ќофте завиткано во модар патлиџан, но се соочила со поинаква презентација.

Мехмет Туркмен, кој дошол од Шанлиурфа, изјави дека бил изненаден кога првпат го слушнал името на јадењето „ели богрунде“, но откако го пробал, се заљубил во него.

Туркмен рече дека овој вкус, уникатен за Кахраманмараш, им го препорачува на сите што ги познава и дека јадењето е идеален избор, особено за љубителите на месо.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крива Река „плива“ во најсмртоносниот отров-цијанид, наместо државна акција има партиски препукувања

Следно

Реал со најмногу фудбалери во тимот на „Трансфермаркт“ на најскапи играчи на светот

Latest from Blog

Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите

Бројот на жртви од поплавите веќе надмина 1.000, додека спасувачките екипи се тркаат да стигнат до заедниците кои се отсечени по катастрофата на 26 август. Кинеското Министерство за водни ресурси вчера предупреди

Де Ла Фуенте: Родри е Меси на шпанскиот фудбал! (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Де Ла Фуенте во интервју за Радио Марка изнесе неколку интересни видувања. Покрај другото тој го пофали Родри, велејќи дека тој е Лионел Меси на шпанскиот

(ВИДЕО) Путин прашан дали Русија ќе гаѓа цели во Британија? Погледнете го одговорот

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција не ја исклучи можноста за напад врз воени објекти во Обединетото Кралство како одговор на британската поддршка за Украина, јавува руската агенција Интерфакс. Путин појасни дека

Добра вест за прилепските првачиња: Секое дете добива по 3.000 денари

Општина Прилеп објави јавен повик за еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територијата на општината. Оваа година мерката за првпат се
Go toTop