Критики за претседателот на францускиот Парламент бидејќи одбил да одржи минута молчење за колегата убиен во Газа

1 min read

АНКАРА (АА) – Француска пратеничка го нападна претседателот на Парламентот, кој одби да одржи минута молчење за вработениот во Министерството за надворешни работи, убиен во израелските напади врз Газа, јавува Анадолу.

Матилде Пано од левичарската партија „Непокорна Франција“ (LFI) на социјалната мрежа Х напиша дека Ахмад Абу Шамла, вработениот во француското МНР, бил убиен во израелските воздушни напади.

Таа додаде дека тој работел во Францускиот институт 23 години.

„Утрово побарав да се одржи едноминутно молчење во Народното собрание. Претседателот на Националното собрание одби. Срамно“, напиша Пано.

„Вработениот во Министерството, кој беше повреден во израелскиот воздушен напад во Рафа, им подлегнал на повредите во саботата“, соопшти Министерството.

Се додава дека куќата на нивниот колега од францускиот Конзулат, каде што се засолнил, била бомбардирана на 13 декември.

„Нашиот колега работи за Франција од 2002 година“, се вели во соопштението на Министерството, во кое се изразува сочувство до семејството на жртвата.

„Жртвата е Ахмад Абу Шамла“, вели Елса Фосијон, левичарска француска пратеничка.

„Франција не ги стави неговите четири постари синови на списокот на лица овластени да ја напуштат Газа. Тој избра да остане со нив и го загуби животот во бомбардирањето“, рече таа.

– Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени над 19.667 Палестинци, а ранети се повеќе од 52.586 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Во заробеништво сѐ уште се наоѓаат 130 Израелци. Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

САД: Пет деца загинаа во пожар во куќа додека таткото бил на божиќно пазарење

Следно

Украина: Најмалку девет лица загинаа во руските напади врз Херсон

Latest from Blog

РОМАНОТ НА ГОДИНАТА Е КАКО МИК ЏЕГЕР, ПРЕСТАРЕНА РОК ЅВЕЗДА СО РЕНОМЕ, РЕЧЕ ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ НА 25. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАTA, ЧИЈА ГОДИНЕШНА ЛАУРЕАТКА Е ЛИДИЈА ДИМКОВСКА

Свеченото доделување на наградата Роман на годината за 2023 за делото „Единствен матичен број“ на Лидија