Критичар на Кремљ осуден на четири години затвор

January 25, 2024
1 min read

Судот во Москва го осуди рускиот националист Игор Гиркин (познат како Стрелков) на четири години затвор под обвинение за јавно повикување на екстремистички активности.

Обвинителите минатата недела побараа речиси пет години затвор за поранешниот лидер на сепаратистите во источна Украина поддржани од Кремљ. Гиркин ги негираше обвинувањата.

Гиркин (53) беше уапсен во јули 2023 година, откако остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин во објави на интернет поради неговото справување со инвазијата врз Украина. Тој го обвини лидерот на Кремљ за „кукавичка просечност“ и го опиша како „ништо“.

Тој, исто така, го повика министерот за одбрана Сергеј Шојгу за „грешки“ во инвазијата на Украина и ги обвини него и Путин за „неспособност“.

Минатата година Гиркин дури го повика Путин да ја пренесе власта на „некој навистина способен и одговорен“.

Поранешниот офицер на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Гиркин, исто така, се залагаше за целосна воена мобилизација за да се обезбеди руска победа во војната против Украина.

Гиркин беше клучен командант на сепаратистите поддржани од Русија во источниот регион на Украина, Донбас, во 2014 година и и помогна на Русија да го анектира украинскиот Крим таа година.

Тој се борел во Босна и Херцеговина во 1990-тите, како волонтер на страната на Армијата на Република Српска.

Во ноември 2022 година, холандскиот суд ги осуди Гиркин и уште двајца други обвинети на доживотен затвор во отсуство за соборувањето на летот MH17 на „Малезија ерлајнс „во 2014 година над Украина. Во несреќата тогаш загинаа сите 298 луѓе во авионот./RSE/

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разбиена криминална група која убивала и продавала дрога низ Македонија, уапсени се седум лица

Следно

Спасовски: Уапсена е криминална нарко група, која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европа и во Македонија и вршела убиства и одмазди

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop